За нас

Малоку е компанија основана во 2008 година, лоцирана е во с.Гошинце – Липково, Република Македонија,

Компанија има вработени од кои поголем дел се вклучени во градежната оператива со архитекти , инженери како дел од тимот.

Наша мисија е да Ви испорачаме градба која трае, која е цврста, квалитетно изработена и врз која можете сигурно да чекорите.

Нашата визија е да бидеме Ваш партнер, во кој имате потполна доверба и заедно да створиме иднина со цврсто тло за сите.

Основна дејност е производство и вградување на бетони од сите типови, системи за канализации, како и нивна изведба, изведба на разни објекти од нискоградба, патишта и пропусти, водоводни системи, изведба на разни објекти од високоградба, изградба на индивидуални станбени објекти.

Компанијата е опремена со сопствена механизација за инсталирање на системи за целосно водоснабдување, комплетна опрема за изведување на објекти од високоградба, голем број на градежни машини, механизација за ископи, разни видови на машини кои се потребни за водоснабдување како и посебна механизација за зимско одржување на патишта.

Сите производи од погонот на Малоку имаат атестиран сертификат од Градежен институт на Република Македонија.